Порано црквата не тераше да постиме.
Сега постиме поради државата.
Оваа власт би сакала да владее 500 години!
Што е доказ дека ни таа не е ништо подобра од турската.
Пушти мустаќи како Сталин!
Само за да ги оправда резултатите од владеењето.
Секој што силува не е педофил!
Тоа зависи од староста на законот.
Подобро споменик од камен, отколку жив споменик.
Живите споменици, живи не јадат.
Тито покрај себе имаше кучиња.
Историјата се повторува и кај денешниве Водачи.
Како мал, сакав да станам поп, за да закопувам луѓе!
Желбата ми се исполни откако станав член на владата.
Тестот на интелигенција не помина кај нас!
Не е наше ниво!
Денес Сталин не би можел
ни плакати да лепи за некоја партија.
Критериумите за Лидер на партиите се заоштрија!
Изјава на нашиот Водач:
Тоа што е народот незадоволен,
може да се реши со една рака!
Кај генералната проба на вашиот закоп,
можно е и жив да ве закопаат!
Кога ми рекоа дека сум свиња,
свињата се навреди!
Не го признавам колективното лудило.
Јас сум откачен индивидуалец
|