Васил Толевски
       

Фекалиите ќе бидат гориво на иднината!
Благодарение на нашите политичари
ќе станеме енергетска велесила.

Немојте да се грижите ако видите како наш
политичар си ја брише устата со тоалетна хартија!
Знае тој што има направено на говорницата.

Во случај на поплава, фатете се за политичар.
Тиквите не потонуваат.

Нашите политичари имаат јаки вилици!
Затоа без проблем живи не изедоа.

За крадците нашата држава е и правна и еколошка!
Прописно не очистија.

На народ кој е на колена не му требаат кондури!

Не можеме да се бориме до последен!
Народот го избра за прв.

Ме копка што има во казанот.
Покрај народот!

Нашите политичари грешат како мали деца.
А на децата мора да им простуваме.

Тројанскиот коњ мора да се прошири.
Нема место за сите.

Секогаш сум оптимист.
Само ми е страв да не ми се случи нешто.

Кога би гласале со нозете,
можеби би фатиле чекор со светот?!

Ако нивите беа непродуктивни како што се политичарите,
народот досега ќе испоцркаше од глад.

Некои политичари сраснаа со говорницата.
Изгледа дека се од ист материјал.

Станав популарен сатиричар!
Дури и пендрекот ме сака.

Господ не казнува на сите можни начини.
А плус ни даде и вакви политичари.

Во догледно време Балканот ќе стане Америка.
Барем по бројот на држави.

Нашите политичари вредат за двајца!
Затоа и лажат и крадат.

Нашиот водач не е крадец!
Крадецот е интелигентен и храбар.

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права