Васил Толевски
       

Нашиот Водач не е крадец.
Крадецот е интелигентен и храбар.

Открив дека сум перверзен тип.
Ја сакам владата!

Не знам дали мојата земја тоне,
ама не дочекува владина делегација на Атлантида!

Пред Собранието нема контејнери.
Значи: ѓубрето е внатре.

Марко Крале е прототип на денешниве политичари!
Македонец, а работеше за туѓи интереси.

Нашиот Водач не е мртов!
Мртвите ги почитуваме.

Ѓаволот дојде по своето.
Само не знам зошто ни ги остави претседателот и премиерот?!

Нашите стаорци немаат намера
да го напуштат бродот што тоне!
Уште им трае мандатот.

Во нашата земја место има за сите.
Можеби ќе недостигаат крстови!

Власта мора да го информира својот народ
со која нога сме в' гроб!
Барем народот да не купува комплетен пар чевли!

Храната е поскапа од куршумот.
На Македонецот
воопшто не му се исплати да умира од глад.

Големиот Македонец раѓа мал Македонец,
овој уште помал...И така сe до денешен ден!

Нашата позиција и опозиција
само на едно место имаат ист став.
Во тоалетот

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права