Васил Толевски
       

Никогаш не сум бил во масовна гробница.
Тоа ме одржа во живот!

Кога Александар Македонски би се вратил
во Македонија, би поминал исто како и во Индија!
Би изгубил од нашите слонови.

Жената ја зачленив во противничката партија.
Сега во кревет им враќам за изборниот пораз.

Народот се навикна на скапотијата.
Само сеуште го нервира сиромаштијата.

Кај мене сe е тркалезно.
А кога ќе отечат...јајчасто.

Македонија ми е мајка.
Татковци имам повеќе.

Тоа што живееме како стока,
е уште една причина повеќе што не
продаваат на европскиот пазар.

Ќе станам проститутка.
Четири години редовна плата а потоа апанажа!

Ние немаме брод на лудаци.
Имаме флота.

Нема потреба да не клонираат.
И онака сме како овци.

Од секогаш сакав да биде чесен човек.
Ама животот ме однесе во политиката.

Ние Македонците сме неблагодарен народ!
За она што Еропа ни го прави бадијала,
во јавна куќа дебело се плаќа.

Во Македонија нема човекојадци.
Нема што да јадат.

Нашите криминалци се многу ценети во светот.
Тоа е плод на тренинзите во татковината.

За телохранител избрав овца.
Помалку бара а повеќе дава.

Порано телињата гледаа во шарена врата.
Сега и во тапацирана.

Секогаш сум пред времето.
Мојот задгробен живот е во тек.

Некогаш се јадеше господски.
А и сега господата јадат.

Нашиот брод со лудаци нема да потоне.
На време го заринкавме.

Таман сакавме да предложиме вол за пратеник,
не превтаса противничката партија.

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права