Vasil Tolevski
       

Современиот маж го бричи лицето; современата жена нозете...
А современата влада го бричи народот!

Да имавме повеќе среќа ќе се родевме во турско време!
Тогаш барем ќе не набиваа само на колец.

Нашите пратеници можат на волот
опашот да му го откорнат!
Ама се држат до девизата: Брат на брата не удира.

Нашата влада од мува прави слон!
Член на партија го акредитираа за амбасадор.

Нашиот компас нема потреба да има игла.
Каде и да сме - изгубени сме!

Во собранието нема вошки.
Се појавија дури откако започна седницата!

За разлика од нашите политичари Сизиф беше позитивен.
Тој барем туркаше нагоре.

Голата задница покажува сиромаштија,
но некогаш и подготвеност на сe!

Народот ни е сe послаб.
Така да и она тесно што му го скроија
ќе му биде по мерка.

Човекојадецот се посрамоти.
Ни тој не можеше да го свари нашиот водач!

Нашата демократија толку не повреди
што турското ни доаѓа како мевлем на рана!

Кога би се вратил Александар Македонски
во Македонија, би поминал исто како во Индија!
Би изгубил од нашите слонови.

Македонија ми е мајка!
Татковци имам повеќе

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права