Васил Толевски
       

Мојата земја нема голем избор!
Сe што избираме или ќораво е или сакато!!

Проститутките не го сакаат афоризмот!
Многу е краток.

Секое чудо три дена.
Само нашево чудо - со децении!

Изгубени сме затоа што никој не не води.

Како кај жените , така и во политиката.
Првиот се памети по болката што ни ја нанесе!

Немам непријатели.
Недостигот го надополнуваат пријателите.

Не фалат дека сме прва лига.
Затоа Европа не избриша како мрсул.

Уште не е фатен министер како краде!
Значи навистина ги избравме најспособните.

Самоубиството е единственото злосторство
за кое Македонецот нема да го носат во Хаг.

Многу малку заработивме со продажбата на нашите души.
Можеби затоа што сме ситни души.

Човекојадците не бараат храна во политиката.
Знаат дека таму нема луѓе.

Кога бродот ќе забележи дека капетанот прв бега,
и тој се подготвува за тонење.

Мојот народ бара демократија.
Ама во погрешна земја.

Во мојата земја уште само врапчињата пеат.
Ама и на нив ќе им дојде крајот.

Кај нас, фала Богу,
расчистивме со религијата.

Постигнавме национален концензус.
Сите се прават будалу.

Немојте да умрете рано наутро.
Ќе си го расипете целиот ден.

Глупоста треба да е универзална.
А не само монопол на политичарите.

Мојата земја еднаш ја мерат,
а се подготвуваат трипати да ја сечат.

Во држава во која од народот прават мелено месо,
водачот никогаш не јаде ќебапчиња

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права