Прв знак дека сте потонале е
ако сите околу вас молчат како риби!

Наш политичар пропадна во септичка јама!
Околината го прифати како свој најблизок.

Мојот пратеник е витален како дете!
Што се воочува и по дискусиите.

Тоа што ни е зинат газот, добар предуслов е
за влез на странскиот капитал.

Немојте да ме сметате во сточен фонд.
Јас само така живеам!

Од чување овци не се живее.
Ова први го увидоа некои наши пратеници.

Мојата влада не може да пее македонски песни.
Пола влада не знае македонски!

Постигнавме национална рамнотежа.
Пола народ пасе а другата половина јаде како стока.

Македонецот и во пустина
би се борел да исплива.

За да станам вистински Македонец,
на комшијата му подарив коза.
Сега го молам Господ да му цркне.

Македонија е гостољубива земја.
Тука дури и ние Македонците
се чувствуваме како гости.

Народот на изборите го кажа своето.
Сега не смее ниту да писне!

Изјава на нашиот Водач:
Тоа што е народот незадоволен,
може да се реши – со една рака!

Откриено е дека последниот римски крал
имал македонско потекло!
Со тоа е објаснет распадот на римската империја.

Капа или кече?

Европа ни нуди шлем.

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права