Васил Толевски
       

Каин и Авељ живееја во Македонија.
Времето ќе покаже кој од која националност бил.

Ако големата среќа знае да премине во голема несреќа,
тогаш ние Македонците некогаш сме биле многу среќен народ!

Народот со години наназад имал силни непријатели.
Ама оваа власт ги надмина сите претходни!

Некогаш најпознат коњ на овие простори беше Букефал.
Денес, благодарение на политиката,
овој број е значително поголем!

Се молат граѓаните да ги остават корењата на мир!
Со тоа го поткопуваат државниот врв на земјата!

Владата ќе ни донира ескимска облека!
Изгледа дека во Европа ќе влеземе преку Антарктик.

Се гледа дека нашиот атлетичар бил учесник во војната.
Кога стартерот пукна со пиштолот, нашиов залегна во ендекот!

Кога рекоа дека лудиот и будалиот се браќа,
веднаш помислив дека Водачот ми е некаков роднина.

Политичарите ни се како гуски преселници!
Летаат во облаци.

Никој од власта не ми рече дека сум коњ.
Ама ме јаваат!

Мислевме дека народот и политиката немаат ништо.
А потоа се испостави дека само народот нема ништо.

Кај нас и ѕидовите имаат уши.
За разлика од власта.

Во некои самици можат да живеат и многу повеќе луѓе.
Таква е нашата земја.

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права