Во мојата земја се зборува на повеќе јазици,
ама сите пцујат во еден глас!
Можеби мојот животен ритам е забавен,
ама јас играм онака како што свират другите!
Во мојата земја можат да живеат и најзаостанатите луѓе!
Климата им одговара.
Конечно Водачот дочека
да биде човек на вистинското место.
Отиде во тоалет.
Од краток фустан може да настрада само еден орган.
Од кратка памет – цел народ!
За среќа треба малку!
Според ова, мојот народ има услови да биде најсреќен!
Водачот отпечати и поштенски марки со својот лик.
За да може народот да му ја лиже задницата!
Иако Европа не храни и облекува,
сепак мора да сфати дека сме горд и независен народ!
Мојот народ тоне затоа што Водачот лета.
Ние живееме според своите можности.
Како мртовци!
Нашиот Водач се замислува дека е симбол на мирот.
Затоа делува како усран гулаб!
Нашиот Водач без проблем јаде свинско.
Некои ова го толкуваат како чист канибализам.
Предноста на оној што е жив закопан
е само во тоа што може да ги идентификува
своите гробари.
|