Васил Толевски
       

На Водачот мора да му земеме ДНК!
За да видиме каква стока го роди.

Нашиот лудак наместо лудачка кошула
носи Армани-одела!
Тоа е знак дека имаме лудаци по последна мода.

Нормален човек има една уста и две очи.
Уште понормално е оние што јадат со очи
двојно да се погладни!

Не е точно дека го менуваме уставот како чорапи.
Немаме толку чорапи.

Таман работа дека Водачот станал диктатор!
Па тој како диктатор стана Водач.

Срам ми е да им погледнам на врапчињата в очи.
Лебот го јадам до последната трошка!

Оние кои мислеа дека демократијата е како леб,
сега се борат за сол.

Кога Македонецот ќе изврши самоубиство,
тоа не е само негова заслуга.
Теренот му го подготви
пошироката општествена заедница.

Лесно е да се биде Македонец во Македонија.
Едиствено треба да знаеш
во кој дел од Македонија си?!

На крадците височината воопшто не им пречи.
Моментално се на врвот.

Во продавниците на обувки се појави
марка на чевли - „Македонија„!
Нормално, одат во пар – лева и десна Македонија!

Во цел свет кучето е најдобар пријател на човекот.
Само нашево е некој изрод!

Заради Голема Албанија,
сега сме во Голема Нужда

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права