Васил Толевски
       

Нашата Влада не може да пее македонски песни!
Пола Влада не знае македонски.

Опозицијата и позицијата само на едно место
имаат ист став. Во тоалетот!

Немаме непријатели.
Сите ни се прават пријатели.

Турците не набиваа на колец.
Нашиве се покажаа многу поинтимни.

На криминалците на власт им е многу потешко
отколку на обичните криминалци.
Кај нив крадењето е партиска обврска.

За тоа што немаме куче кај да не касне,
највиновни се кучињата што ги избравме.

Народот ни стана импотентен.
Не се дига.

Телевизијата Дневникот секогаш го започнува со убиства!
Народот за да биде среќен што е жив.

Дека од лошо има полошо,
покажуваме секогаш на изборите.

Изборите беа чесни.
Како се договоривме така и беше.

На оние кои се родени во сиромашни семејства,
Владата ќе им овозможи да си ја зачуваат традицијата.

Во нашето жито нема какол.
Навреме го избравме.

Сексот ќе го сведам на минимум.
Ќе ја напуштам политиката.

За мртвите сe најубаво.
Затоа со нестрпливост чекам да кажам сe најубаво за Водачот.

Нашите политичари јадат за двајца.
Тоа докажува дека имаат поголем капацитет отколку што мислиме.

Не смеат да покажат колку ја сакаат својата земја.
Срамота е!

И меѓу политичарите има чесни луѓе.
Идентификацијата е во тек.

Војната во 2001 заврши без победник.
Затоа некои се подготвуват за пенали.

Горилото застана до Водачот.
Не можам да препознаам кој е поголем мајмун.

Малцинствата во Македонија ги уживаат сите права.
Затоа за Македонците не остана ниту едно.

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права