Васил Толевски
       

Можевме да ја избегнеме трагедијата.
Ама гласавме.

Животните што ги избравме,
станаа крупни ѕверки!

Ме прогласија за магаре,
само да паднат од коњ на мене.

Голема Македонија е полесна мета за Европа.

Нашето судство има само една мана.
Тоа што постои.

Индијанците пушеа луле на мирот.
Има шанси и ние да попушиме.

Среќа наша што е Земјата тркалезна,
па транзицијата не може да не набие в ќош!

Некој сака Косово и Македонија да ги спои во едно
...само преку нас мртви!

Нашите пратенице не се за ЕУ.
Сеуште се зелени.

Во мојата земја 51% се будлетинки.
Затоа се мнозински сопственици на државата!

Нема поголема среќа отколку
кога ќе ви се остварат соништата.
А сонував дека живеам како стока.

Ние би чекореле стабилно и самостојно,
ама овие кои не подржуваат многу се несигурни!

Најтешко им е на дволичните.
Ќе мора да пишуваат дупли мемоари.

Гладните се најдобри гласачи.
Тие голтаат сe.

И ние коњи за трка имаме.
Само сега се зафатени со државни обврски.

Лудите доаѓаат на власт
затоа што будалите гласаат.

Никако да застанеме на нозе.
Сеуште чекориме во магла.

Уште малку па ќе стасаме до крајот на патот.
Се гледа дното.

Нашиот циркус патува по цел свет.
Кај нас свратува само за да си ги подигне дневниците.

Нашиот европски демократски блок
испадна обична балканска тула

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права