Нашиот Водач само пред огледало може
да воочи кој е државниот проблем!

Нашите богови имаат партиски книшки!
За да можат да се легитимираат во пеколот.
   
Добивме Водач кој делува нормално.
Ама Водачот вети дека доаѓа време на промени!
 
Ние не правиме страшила.
Нив ги добиваме на избори.
 
Сите политичари се повисоки од мене.
Преку глава ми се!
 
Изгледа дека Водачот порано бил шинтер!
Со народот постапува како со кучиња!

Нашиот спас е од религиозна природа!
Само Господ може да ни помогне.
 
Имаме повеќе крадци отколку научници!
Тоа е доказ дека крадците учат побргу од научниците.
 
Водачот никогаш не зборува со луди.
Освен кога зборува сам со себе.

Власта и опозицијата се како две очи во глава!
Не можат да се видат.
 
Водачот го сака сексот!
Народот може да ви го потврди ова.
 
Криминалот во светот е во пораст.
Уште малку па ќе не стасаат.
 
Мораме да застанеме на нозе.
И штаките си ги продадовме!

Кај нас никој не може да обеси политичар.
Нашите политичари се без глава.

Првиот направи да сме последни

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права