Васил Толевски
       

На прагот на Европа сме.
Затоа сите си ги бришат нозете од нас.

Бројот на полицајци е поголем од бројот на попови.
Тоа е доказ дека сеуште има надеж за живот.

Обезглавен сум од кога ми ја украдоа торбата.
Главата ми беше во торба.

Пратеникот што го избрав ми го сврте грбот.
Од каде знае што сакам да му правам?!

Кога во земјата најмногу зрачат политичарите,
на земјата и се заканува контаминација.

Учениците сe повеќе фаќаат вошки.
Само полицијата никако да фати некоја вошка.

Дали нашата кочија ќе се извлече од калта,
зависи од оа колку ќе запнат коњите.

Во власта најзастапени се Ромите.
Таму сите лажат како Цигани!

Да не се Македонци, Македонците би биле
најсреќен народ на светот.

Пола Косово е наше.
Барем според бројот на Косоварите во Македонија.

Македонија не може да стане банана држава,
сe додека тиквите ни држат курс.

На светскиот пазар Македонија и Србија имаат иста цена.
Нормално - иста стока сме.

Македонецот би бил посреќен да е без колена.
Кај Македонците сe се пренесува од колено на колено.

Стоковната размена помеѓу Србија
и Македонија е урамнотежена.
Колку Шиптири ќе извезе Србија,
толку Албанци увезува Македонија!

Мојата Влада е побогата од Хомер!
Хомер имаше само еден Одисеј.

Од праисторија ние Македонците со секира ги сечевме главите.
Затоа сега секирата не сака да ни падне во мед.

Убавината и паметот никогаш не одат заедно.
Затоа ние Македонците сме најубави кога ни е најтешко.

Итриот политичар секогаш е во непосреден контакт со народот.
Живее на неговиот грб.

Црвенкапа беше среќно девојче.
Немаше ниту Претседател ниту Премиер.

Додека политичарите си дишат
едни на други во врат,
народот почна да дише и одпозади

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права