Васил Толевски
       

Лажењето е нормална работа.
Зошто нашиот Водач би бил ненормален!

Владата не соблече до гола кожа.
А и ова што ни го прави не е за приказна!

За проститутките нема место во политиката.
Има поголеми курви од нив.

Во мојата земја овците личат една на друга.
Само овните се различни.

Дел од народот има проблеми со видот.
Леб со око немаат видено.

Вака добар оркестар
никогаш ни нема свирено на закоп!

Во партиите најдобро се применува генетскиот инжинеринг.
Од обична шушумига направија ретка ѕверка!

Некои народи умираат од работа.
За наша среќа, ние не сме толку геноцидна нација.

Народот ја бара Крушевската република.
Тогаш барем десет дена беше на раат!

Аналниот отвор на Водачот
за некого е влез на мала врата.

Владата го реши проблемот со гладот!
Се најаде.

Во Бугарија живеат Бугари; во Грција живеат Грци;
Во Албанија живеат Албанци; во Србија живеат Срби...
Само кај нас живеат сите!

Ние со задоволство би примиле секаква помош.
Само важно ни е од која страна ќе ни влезе

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права