Васил Толевски
       

Изгледа дека нашиот Водач вреди за двајца!
Толку глупости не може да направи еден човек!

Ние сме народ кој сака
да размислува само за убави работи.
Еве, моментално размислуваме
дали Водачот да го кремираме или да го закопаме?!

Владата вети живот по мерка на граѓаните.
Засега, мерка ни земаат само гробарите!

Нашиот Водач нема потреба да си го тестира
коефициентот на интелигенција.
За ова што ни го прави не треба многу памет.

Дури откако почнаа да ми лепат етикети
станав бренд!

Водачот свечено ја отвори депонијата за ѓубре.
Прв влезе внатре.

Ние Македонците секогаш имаме свој став.
Па макар и подгрбавен!

Водачот го моли народот да се одвикне да јаде три пати на ден.
На паметниот и еднаш му е доста!

Нашиот Водач не го родила мајка!
Такво суштество мајка не раѓа.

Избрав ветеринар за личен доктор,
затоа што реално гледам на работите!

Коалицијата на глувите и немите повторно победи.
Така глуво-немите пак останаа на власт.

Во мојата земја, за кого нема место
под сонцето, има под земја.

И ние коњ за трка имаме.
Ама моментално е зафатен со државни работи

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права